Англија
Поранешен тренер на Баерн во игра за наследник на Клоп на „Енфилд Роуд“
Ливерпул допрва ќе треба да го реши најважното прашање во пресрет на наредната сезона, а тоа е наследникот на Јирген Клоп.
Германскиот стручњак ќе стави крај на престојот на „Енфилд Роуд“ по крајот на актуелнава сезона, неговото заминување ќе остави голема друпка и кој и да го замени нема воопшто да му биде лесно да го води клубот и притоа да има добри резултати.
Во јавноста постојано фигурираат одредени имиња, во еден период Чаби Алонсо важеше за прв фаворит, меѓутоа Шпанецот се реши да остане на „Бај Арена“ во Леверкузен.
Сега најмногу се споменува Рубен Аморим од Спортинг, но и тој демантираше дека засега има било каков договор со премиерлигашот. Со оглед на тоа што прашањето е отворено „Дејли Мејл“ вклучи уште еден стратег што е изненадување затоа што се работи за Нико Ковач.
Хрватот неодамна заработи отказ од бундеслигашот Волфзбург, претходно не се прослави во Монако, имаше турбулентен период во Баерн кој заврши со отказ, а во својата досегашна тренерска кариера има работено уште во Ајнтрахт Франкфурт и во хрватската репрезентација, сениорската и онаа до 21 година.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Свет52 минути
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…