Поврзете се со нас

Франција

Помладиот од браќата Мбапе се договори со клуб од Франција

Објавено

на

foto: x.com/OptaJean

Килијан Мбапе пред некое време официјално го реши клупското прашање и тоа со потпис за Реал Мадрид и тоа по завршувањето на договорот со Пари Сен Жермен.

Неговиот помал брат Етан исто така реши да си замине од „светците“ по завршувањето на договорот и многумина сметаа дека тој исто ќе заврши во Шпанија во редовите на Реал, меѓутоа тинејџерот останува во татковината и во иднина ќе биде дел од Лил.

Ова се последните информации кои доаѓаат од Франција кои велат дека офанзивецот по завршувањето на медицинските тестови ќе стави потпис на повеќегодишен договор со Лил.

Етан има 17 години и реално Лил ќе му биде прв сениорски клуб во кариерата со оглед на тоа што доби многу малку шанса, натпревари кои се бројат на рака за ПСЖ во првата екипа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни