Македонија
Победа доминантна во Прилеп на отворањето на Втората лига – Исток
Фудбалерите на Победа со одлична игра и благодарение на фуриозните први 45 минути во премиерниот меч од новата сезона на Втората лига-Исток го совладаа Кит-Го од Пехчево со 4-1.
По мечот разбирливо задоволство од добрата игра и првите освоени 3 бода во црвено-белиот табор. Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески ја потенцира дека најзаслужни за победата и освоените бодови се фудбалерите, иако недвојбено Стручниот штаб имаше добра подготовка на натпреварот и адекватна анализа на противникот.
– Најпрвин би сакал да им честитам на моите фудбалери на победата и залагањето. Навистина беше тешко да се игра по спарното време и да се издржи високиот ритам кој го наметнавме од самиот почеток на натпреварот. Свесни бевме и наша интенција беше од првиот судиски свиреж со агресивна и максимално дисциплинирана игра да извршиме притисок на противничкиот гол и по можност во раната фаза од мечот да се стекнеме со резултатска предност. За среќа играчите нашите замисли ги спроведоа во дело и сосема заслужено стигнавме до посакуваната победа.
-Во поглед на забелешките на тренерот на Кит-Го не би сакал да се спуштам на неговото ниво туку само едноставно би кажал дека условите за игра беа исти за двата тима, а досега ниеден мој колега кој со својот тим победил на Могила не се жалел на теренот и условите за игра. Теренот е ист за екипите кои играат, најбитно е тие да имаат објективна арбитража-каква што вчера ни овозможи судиската тројка, па кој е подобар нека победи. Останува само да посакам повеќе среќа на симпатичната екипа од Пехчево во продолжение на првенството.
-Ние си ја гледаме нашата работа. Не интересираат само добри резултати. Ориентирани сме кон сопствените редови, како да ја подобриме нашата игра со цел да освојуваме што повеќе бодови. Се друго е ирелевантно.
Во наредното 2-ро коло од првенството на Втората лига-Исток во недела на 23-ти август од 16,30 часот на теренот на Могилата Победа ќе го пречека новајлијата во лигата Росоман, кој на стартот на шампионатот на свој терен ја совлада Слога од Виница со 2-1. Претходно, на 5 август, Победа му гостуваше на Росоман во пријателски натпревар што прилепчани го добија со 2-0, благодарение на головите на Гешоски и Колевски.
Резултати од 1. коло во 2МФЛ:
Победа-Кит Го 4:1
Дрита-Вардари Форино 1:1
Скопје-Велазерими 4:2
Каменица Саса-Брегалница 0:1
Гостивар-Охрид 0:0
Кожув-Осогово 2:0
Плачковица-Тиквеш 0:1
Росоман-Слога Виница 2:1
Велешта-Кадино 1:0
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет2 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија24 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)