Формула 1
Пирели со официјален став зошто пукаа гумите на Силверстоун
На крајот на трката за Големата награда на Велика Британија возена на Силверстоун видовме инцидент со пукање на гуми кај дури три болиди.
Валтери Ботас од Мерцедес и Карлос Сајнц од Мекларен останаа без своите пневматици пред крајот на трката, а на половина круг до целта без гума остана и актуелниот лидер во поредокот, Луис Хамилтон.
Од Мерцедес веќе објавија дека Хамилтон и покрај тоа што возел со три тркала достигнал неверојатна брзина од 240 км/ч, па на крајот успеа да ја мине целта како првопласиран.
Пирели по два дена од трката на Силверстоун објави дека пневматиците биле под голем притисок.
– Второто излегување на безбедностното возило ги натера речиси сите тимови однапред да ги променат своите планирани одлуки во боксот и се одлучија за неверојатно долг стинт од околу 40 кругови.
– Тоа е повеќе од три четвртини од вкупната должина на трката на една од најтешките патеки во календарот. Во комбинација со очигледно брзиот ритам на годинешните болиди, тоа во последните кругови на Големата награда на Британија ги направи посебно тешки, како последица на големите притисоци кои најбзите болиди во Формула 1 ги извршија на пневматиците, -стои во дел од соопштението на Пирели.
-
Италија9 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија10 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија11 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија12 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија4 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина