Германија
Пикси „спиеше“, Германците го „украдоа“ големиот талент на Баерн Минхен (Фото)
Драган Стојковиќ побара трпение за младите фудбалери како Александар Павловиќ и објасни дека ќе дојде време кога тој ќе биде повикан за репрезентацијата на Србија, но до такво нешто сега и сигурно нема да дојде, откако талентираниот фудбалер на Баерн Минхен ја стави на прво место Германија.
Србија ја пропушти шансата да го „собере“ надежниот играч за врска кој има само 19 години, а страшниот скок кој го имаше во првиот тим на Баерн ги натера Германците веднаш да реагираат и да го „украдат“.
Како што јавуваат најугледните германски медиуми, Павловиќ се наоѓа на листата на Јулијан Нагелсман која дополнително ќе биде објавена за натпреварите кои ќе се играат подоцна во месец март, и тоа го зазема местото на еден свој соиграч од Баерн.
Германскиот селектор го вклучил Павловиќ во својата листа на местото на Леон Горецка, а ако од една страна тоа е супер вест за младиот играч, за искусниот е навистина лоша на три месеци пред Европското првенство.
Со овој потег на Нагелсман, се затвора уште една дилема кога е во прашање српската фудаблска репрезентација, која откако пред неколку дена остана без Миле Свилар, сега во иднина нема да смета и на Павловиќ.
💎 News #Pavlovic: Nominated for the first time! 🇩🇪
➡️ It was Nagelsmann's plan. As exclusively reported on Saturday. Pavlovic always wanted to play for Germany ✔️
Also via @BILD | @SkySportDE pic.twitter.com/MAKeNmvlmh
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) March 12, 2024
🚨News #Goretzka: NOT nominated – confirmed! 🇩🇪
First call: @BILD. @SkySportDE pic.twitter.com/r21ApQLzky
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) March 12, 2024
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)