Поврзете се со нас

Лига на нации

Пикси: Ретко се гледа гол како овој на Митровиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Србија ја победи Швајцарија на натпреварот кој се играше на доста тежок терен во Лексовац, а дефинитивниот удар на гостите им го зададе Александар Митровиќ.

Капитенот на Србија уште еднаш ја демонстрираше својата упорност и пожртвуваност за секоја топка, па успеа да режира ремек-дело во акцијата која речиси изгледаше загубена.

Митровиќ спаси една тешка топка и не дозволи истата да излезе во аут, а потоа режираше ремек-дело кое ги крена на нозе сите присутни на стадионот во Лесковац.

По важната победа во Лигата на нации, селекторот Драган Стојковиќ Пикси издвои тројца српски играчи кои направиле разлика, а еден од нив беше и Митрогол.

– Покрај важната победа која ја остваривме поради тимска игра, би издвоил и тројца поединци. За издвојување е фантастичниот гол на Митровиќ, вакво нешто ретко се гледа. Потоа, би ги издвоил и одбраните на Рајковиќ. Не само пеналот, имаше премногу интервенции за време на мечот. За крај, мора да се спомене и Максимовиќ кој дебитираше на 17 години, – изјави српскиот селектор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни