Шпанија
Пике: Плачев кога Меси си заминa од Барселона, тој беше како Господ…
Лионел Меси пред почетокот на оваа сезона беше принуден да си замине од Барселона и тоа поради лошата финансиска состојба на клубот.
Се беше подготвено за нов договор, но во последен момент клубот не доби зелено светло од Ла Лига и мораше да се донесе тешка одлука од која погодени беа сите, Меси, Барселона, целата база на навивачи.
Меѓутоа животот мора да продолжи понатаму, шпанскиот великан пробува да се стабилизира и да почне нов проект, додека Меси е во ПСЖ.
Жерард Пике е еден од асовите кој имаше поминато најмногу време со Лео во Барселона, па во разговорот со Гери Невил се отвори за таа болна ситуација, момент на разделба минатото лето.
-Плачев кога Меси си замина од Барселона. Плачев по него. За кариерата што ја имаше во Барса, ќе беше одлично да останеше до крајот на кариерата во клубот. Можам да разберам зошто Меси не можеше да продолжи. Клубот многу трпеше економски поради претходниот претседател и како тој управуваше со клубот.
-На крајот на денот, ова се работи кои се случуваат во животот. Понекогаш донесувате одлука и работите не функционираат. За Барселона и навивачите Меси беше како Бог, ќе беше одлично да останеше. Лионел Меси е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Меси беше најдобриот играч на Барселона. Секогаш сум велел дека го имавме Меси за да освојуваме титули, но моравме да имаме и добар тим. Еден играч не може да освојува титули, -порача искусниот стопер.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…