Шпанија
Пења за Шчесни: Тој е феномен…

Ињаки Пења веќе некое време е прв голман на Барселона и тоа откако потешка повреда заработи капитенот Марк Андре Тер Штеген.
Оваа сезона е завршена за Германецот, па шпанскиот прволигаш ангажираше едно проверено, докажано име како соодветна конкуренција за Пења и тоа е Војчех Шчесни. Полјакот иако официјално беше во пензија го прифати повикот од Барселона и сега се обидува да се наметне кај Ханси Флик.
Флик веќе порача дека Шпанецот засега останува прв избор, Шчесни сигурно ова ќе сака да го промени, а пак Пења е подготвен да одговори на предизвикот.
-Како личност, тој е феномен. Знаеме дека тој е голман со големо искуство, кој има играно за многу европски тимови на ниво на Лигата на шампионите и ќе ни помогне. Во однос на конкурентноста, ние тренираме 100 проценти, така што тренерот ни дава можности и тој одлучува. Денес е мојот ред и ќе видиме што ќе се случи во иднина, никогаш не знаеме.
-Тој дојде да се натпреварува, да помогне, клубот ја виде можноста да потпише со него и со него на лично ниво ми оди многу добро и сум среќен, -порача Ињаки.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија4 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)