АБА лига
Пелистер го врати противникот во игра, па на потежок начин стигна до победа во АБА 2 лигата

Македонскиот претставник Пелистер отвори со победа во новата сезона во региоланата АБА2 лига, натпреварување кое според најавите почна со нов формат.
Битолчани во воведната рунда во групната фаза за противник г оимаа Широки Бријег, а во натпревар во кој тимот на Петровиќ доминираше во најголем дел, само падот во концентрацијата дозволи да се влезе во неизвесна завршница.
Пелистер контролираше и можеше многу порано да го реши прашањето околу победникот, но на крајот допушти да се влезе во трилер финиш во кој сепак домашните кошаркари имаа повеќе нерви.
„Зелено-белите“ триумфираа со 74:72 на отворањето на новата сезона и сосема заслужено ги освоија бодовите, иако победата можеше да биде и доста полесна.
На пет минути пред крајот, Пелистер имаше плус 13, но големото опуштање придонесе Широки Бријег да дојде до 67:66 и да се надева на голем пресврт. За среќа, избраниците на Петровиќ имаа челични нерви и успеаја да ја одржат предноста, па потешко од потребното стигнаа до првите бодови во сезоната.
Американецот Антоан со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Мишковиќ имаше дабл-дабл учинок од 13 поени и 11 скокови, а тие беа и единствените двајца со двоцифрен учинок.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)