Поврзете се со нас

Евролига

Партизан го доби трилерот со Монако, Реал ја освои Пиреја (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Партизан излезе како победник од драматичната пресметка со Монако во Евролигата, пресметка која ја доби по дополнителните пет минути со 89:85.

Домашниот состав беше многу блиску до славје и во регуларниот дел, но тројката на Џејмс го однесе овој дуел во продолжение во кое „црно-белите“ го реализираа со 17:13 за шести триумф во сезоната. Блескаа Нанели и Пантер кои заедно искомбинираа 48 поени, додека прво име кај поразените беше Мотејунас со 23 кошеви.

Реал Мадрид славеше над Олимпијакос со 77:71 во репризата на минатогодишното финале во Евролигата. „Кралевите“ одново се покажаа подобри, се снајдоа кога беше најпотребно и сега имаат учинок 11-1.

Балканската комбинација Муса-Хезоња беше во прв план, првиот уфрли 23, вториот 18 кошеви. Вокап немаше соодветна поддршка од соиграчите и беше далеку најдобар поединец кај домаќините со 17 поени, 3 скока и 4 асистенции.

Останати резултати: Анадолу Ефес-Панатинаикос 71:68, Алба Берлин-Жалгирис 64:62, Баерн Минхен-Милано 91:84.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни