Балкан
Пантер со емотивна порака им се обрати на сите кои се дел од Партизан (Фото)
Партизан рано утрово ја информираше јавноста дека Кевин Пантер си заминува од клубот после тригодишната етапа, па оваа вест брзо се претвори во топ тема во српската спортска јавност.
Повеќе од јасно е дека Партизан ќе фати друг правец во новата сезона без капитенот во тимот, но во моменти кога многумина тагуваат од ваквото сценарио, Пантер почувствува потреба да им се обрати на сите во клубот.
– Последните три години во дресот на Партизан беа предизвикувачки, но патувањето беше неверојатно. Ова беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, благодарен сум за се што доживеав. Се надевам дека бев пример за луѓето, а пред се за малите деца. Се надевам дека бев ваша инспирација и дека ве мотивирав да бидете подобра верзија од себе.
– На соиграчите од претходните три сезони можам да им кажам – Ве сакам сите. Поделивме незаборавни моменти и изградивме врска која ќе трае вечно. За стручниот штаб имам да го кажам следното – бевте најдобри од првиот ден. Откако пристигнав во Белград, ми помогнавте на секаков начин. Гробари, најдобрите навивачи во светот, сакам да ви се заблагодарам за неверојатната поддршка. Стоевте зад нас и во добро и во лошо, без оглед на се.
– Благодарност до физиотерапевтите кои секогаш стоеја на располагање на тимот, го почитувам се она што го правите. За крај, тренерот Обрадовиќ. Вие ме избравте за капитен после првата година во Партизан. Верувавте во мене, имавте доверба во мене. Многу сум ви благодарен и благодарен сум за односот кој го изградив со вас, – порача Пантер.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!