Поврзете се со нас

Евролига

Панатинаикос на колена, Фенербахче ќе се бори за пехарот во Евролигата

Објавено

на

foto: x.com/FBBasketbol

Кошаркарска Европа ќе добие нов владетел, наследник на Панатинаикос кој дефинитивно ја губи круната откако вечерва загуби од Фенербахче во полуфиналето на фајналфор турнирот што се игра во Абу Даби.

Турскиот претставник покажа повеќе во денешното соочување, знаеше соодветно да одговори на сите предизвици и се избори за славје од 82:76 што го носи за првпат во финалето во Евролигата од 2018 година.

Избраниците на Јасикевичиус водеа со 22:14 по првата четвртина, потоа имаа предност и на паузата, по 30 минути игра и потоа ја одбранија позитивата и дојдоа до резултатот што го посакуваа, па сега мирно ќе можат да го проследат второто полуфинале во кое Олимпијакос се соочува со Монако.

Хол со 18 и Биберовиќ со 15 кошеви беа најефикасни, Осман на другата страна уфрли 22 кошеви, додека Нан поради пет лични грешки мораше предвреме да го заврши натпреварот со учинок од 19 кошеви.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни