Поврзете се со нас

Евролига

Панатинаикос го „кутна“ Фенербахче во Истанбул, Барселона во победнички ритам (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBbasket

Актуелниот европски шампион Панатинаикос им се врати на победите во Евролигата и тоа на жешкиот терен во Истанбул каде го совлада Фенербахче со 81:76.

Ова беше борбен и неизвесен меч до самиот крај, соочување во кое решаваа детали, нијанси кои беа на страната на тимот предводен од Атаман. Петмина играчи кај победникот беа двоцифрени, група која ја предводеше плејмејкерот Нан со 15 кошеви, еден повеќе од центарот Лесор.

На другата страна најистакнат поединец беше Биберовиќ со 16 поени и 6 скокови.

Барселона пак иако се изнамачи го совлада Асвел со 90:83 и со тоа ја продолжи победничката серија во натпреварувањето. Фаворитот го скрши отпорот на францускиот клуб во последниот период кој заврши со резултат 21:14. Пантер и Весели искомбинираа 34 поени, Маледон беше прво име кај поразените со 21 поен.

Изненадување направи Баерн Минхен со триумфот над Олимпијакос од 84:80.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни