Поврзете се со нас

Англија

Овен тврди дека Реал ќе добие големо засилување од Премиер лигата: Само прашање на време е кога ќе заврши во Мадрид

Објавено

на

Foto:instagram.com/themichaelowen

Реал Мадрид мора да пазари во јануари и место кое дефинитивно треба да се пополни е десната бековска позиција, па Флорентино Перез веќе има започнато иницијатива за ангажман на Трент Александер Арнолд.

Во ситуација кога договорот му истекува во месец јуни, Реал Мадрид е во позиција да биде доминантен во преговорите и планира да го доведе за сума од 20 до 30 милиони евра, па иако се уште постои шанса Ливерпул да му го продолжи договорот, Мајкл Овен не гледа како би се случило тоа.

Легендарниот Англичанец своевремено направи директен трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид, а кога еден играч добива повик од најуспешниот клуб во Европа, Овен смета дека никој не може да ја затвори вратата.

– Фактот кој вели дека Реал Мадрид има јасни интенции за ангажман на Трент Александер Арнолд, ме тера да мислам дека само прашање на време е кога ќе потпише за нив.

– Ако тој имаше план да потпише нов договор со Ливерпул, Реал немаше официјално да тргне по него. Очекувани се тајни разговори меѓу двата клуба, ова е голема вест, – порача Овен на „Икс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни