Свет
Отаменди бесен на еден француски играч: Не знам ни како се вика, но тоа не беше добро (Видео)

Николас Отаменди како фудбалски ветеран беше дел од олимпискиот фудбалски тим на Аргентина, кој вчера во драматичен меч загуби од Франција со резултат 1:0.
Овие две селекции го играа големото финале на Светското првенство пред две години и очигледно е дека тој натпрвар беше во мислите на Французите, особено поради фактот што домаќините навистина провокативно славеа по последниот судиски свиреж.
Тоа направи да видиме мешаница и вистински хаос на теренот, а откако се смириле страстите, искусниот Отаменди не пропуштил да ги нагласи лошите манири на Французите.
– Навистина многу ме налутија. Може да се радуваат како што доликува, може да прават што сакаат, но да одат кај нашите фанови и да слават пред нашите семејства……
– Имаше еден лик, не знам ни точно како се вика. Балде или Баде…… Ако сака да се радува, нека дојде да се радува пред нас и да ја решиме работата. Тоа што го направија не беше добро, навистина сум лут. Тој ја славеше (Баде) победата пред нашите резерви, а потоа беше главен и во прославата пред нашите фанови, – изјави Отаменди.
Поранешниот стопер на Манчестер Сити во дадената ситуација остана разбеснет од Баде, младиот француски стопер кој инаку настапува за шпанска Севилја.
Les joueurs de l'équipe de France qui viennent chambrer (enfin provoquer) les supporters argentins pic.twitter.com/Nu1718HVLt
— Florent Torchut (@FlorentTorchut) August 2, 2024
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија18 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)