Поврзете се со нас

Европски првенства

Остана ли Украина без ЕП поради оваа одлука? Мудрик падна по дуелот со Кристанте, судијата не досуди пенал (ВИДЕО)

Објавено

на

Украина и Италија преку директен дуел одлучуваа која селекција од нашата група покрај Англија ќе избори пласман на Европското првенство кое наредната година во Германија.

На крајот ремитот без голови им одговараше на „аѕурите“ кои се ова обезбедија место на континенталниот собир. Меѓутоа самиот финиш на средбата на „Бај Арена“ донесе и спорна ситуација при која Украинците сметаат дека се оштетени за пенал.

Се играше судиското продолжение кога Мудрик падна при еден контакт со Кристанте, меѓутоа главниот арбитар Мансано не досуди на белата точка, ниту пак доби повик од ВАР собата.

Овде можете да ја видите ситуацијата и сами да донесете заклучик дали избраниците на Ребров се оштетени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни