Поврзете се со нас

Евролига

Олимпијакос ја доби грчката битка за бронза во Евролигата

Објавено

на

Foto:x.com/Olympiacos_BC

Грчките великани потфрлија во полуфиналињата и претрпеа порази на стартот на Ф4 турнирот во Евролигата, па тоа значеше дека својот пат во Абу Даби го завршуваат со меѓусебна пресметка.

Олимпијакос и Панатинаикос ја стартуваа програта во завршниот натпреварувачки ден и ги одмерија силите во „малото финале“, а по интензивни 40 минути кошарка, како побендици излегоа црвено-белите.

Мора да се напомене дека Олимпијакос беше во подобар ритам од самиот старт и брзо стигна до двоцифрена предност, па водејќи се од добриот старт, во останатиот дел од мечот успешно ја одржуваше предноста.

Панатинаикос како бранител на трофејот успеа да се разбуди во продолжение и да внесе мала неизвесност, но фактот што ниту еднаш не водеше на натпреварот доволно говори за заслужениот пораз изразен со резултат 97:93.

Питерс со 32 поени беше најдобар играч на натперварот, Везенков уфрли 23, додека во поразениот тим најефикасен беше Јурсеван со 21. Џеди Осман го заврши мечот за трето место со 14 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни