Поврзете се со нас

Шпанија

Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf_en

Позицијата прв голман во Валенсија одново е доведена во прашање за Столе Димитриевски, откако клубот од „Месталја“ реши да ангажира докажан голман кој имаше одлични изданија на крајот на минатата сезона.

После долги преговори, Хулен Агиресабала конечно го дочека денот да позира со новите обележја на „Месталја“, а со тоа стана јасно дека станува нов голман на Валенсија.

Досегашниот чувар на мрежата на Атлетик Билбао пристигнува во Валенсија на заем до крајот на сезоната, но „лилјаците“ ќе задржат право целосно да го откупат и да го направат трансферот пермантентен.

Ангажманот на 24-годишниот чувар на мрежата дефинитивно не е баш добра вест за Столе Димитриевски, кој во наредниот период ќе мора да одржи разговори со водечките луѓе и тренерот Карлос Корберан, бидејќи во ниту еден случај не заслужува да мине втора сезона по ред на клупата за резерви.

Според информациите од Шпанија, Агиресабала ја прифатил понудата откако добил гаранција дека ќе биде прв голман, па се поверојатно е дека Столе ќе разгледува опција за трансфер ова лето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни