Италија
Официјално: Интер се пофали со засилувањето од Рома (Фото)

Интер и Рома и во минатото знаеле доста лесно да договорат операции со кои го одржуваат добриот однос, па такви сигнали остава и последниот трансфер кој го договорија двата клуба.
Актуелниот италијански првак реши да пазари на самиот крај од зимскиот преоден рок за да му понуди повеќе опции на тренерот Симоне Инѕаги, кој од вчеравечер на располагање го има и Никола Залевски.
Младиот полски репрезентативец може да одговори на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред, па како поливалентен играч сигурно ќе може да му се најде на Инѕаги.
Интер се пофали со потписот на 23-годишниот фудбалер и го претстави како јануарско засилување до крајот на сезоната, со можност договорот да биде и целосно откупен.
За почетниот заем, Интер ќе исплати околу 600 илјади евра, а налето има опција да го купи Залевски за сума од 6 милиони евра.
Welcome 🇵🇱#ForzaInter #WelcomeNicola
— Inter ⭐⭐ (@Inter) February 1, 2025
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)