Боречки спортови
Одличен настап на македонските таеквондисти на Европското првенство во Пореч

Македонските таеквондисти имаа одличен настап на Европското таеквондо ИТФ првенство кое од 25 март до 02 април се одржа во Пореч, Хрватска.
На континенталниот собир на сите најдобри таеквондисти, учество зедоа над 850 натпреварувачи од 24 земји.
Под македонското знаме настапија пет натпреварувачи кои направија голем успех и испишаа нова историја во ИТФ таеквондото.
Напорните подготовки пред првенството го дадоа својот резултат, па Македонија се закити со три сребрени медали со што македонското знаме дури три пати се вееше на победничкиот пиедестал во Пореч.
– Ниту еден наш натпреварувач не беше елиминиран во прв круг, иако долго време поради пандемијата немавме натпревари и бевме скептични, па отидовме со скриен страв од пораз во прв круг на сите натпреварувачи, но верувавме во нашите избраници. Познавајќи го нивниот историјат и спортски дух, во нас имаше искра надеж дека можеме повеќе, -изјави претседателот на Македонската Таеквондо ИТФ федерација, Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан.
Прва на борилиштата во Пореч од македонските претставници се појави Христијана Парулеска која го освои сребрениот медал во категорија кадети- девојчиња 12-13 години, спаринг (борби) -45 кг.
Давид Крстески беше доминантен во сите борби кои ги доби во стил на голем шампион, но за жал беше сопрен од претставникот на Грција кој во финалето го искористи фактот што Крстески заработи повреда во полуфиналниот натпревар.
Третиот медал замина кај Елена Јанеска која беше вицешампион во категоријата јуниорки 14-15 години, спаринг (борби) -65 кг.
Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ настапија во сениорската категорија и во добро светло ја претставија Македонија победувајќи во првите борби на овој силен континентален собир.
– За таеквондото во Македонија ова се историски резултати. Мислам дека во иднина ќе биде тешко да се повторат вакви резултати во некои индивидуални спортови во Македонија. Радосен сум што поставивме нови критериуми за учество на врвни натпреварувања, а воедно докажавме дека иако сме малкубројни, може да постигнеме успех успевајќи да ја рангираме Македонија на 16. место во Европа, иако на шампионатот настапивме само со пет натпреварувачи, -заврши Лазаревски.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план