Англија
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)
Стив Брус го седна голманот Дарлоу на клупата за резерви и шанса му даде на Мартин Дубравка, а тоа на крајот се покажа како клучна одлука во ремито кое го оствари Њукасл против Вулверхемптон.
Њукасл сега е во сериозна борба за опстанот во англиската Премиер лига и денеска малку фалеше одново да остане со куси ракави на натпревар кој имаше и добри моменти, но кога најмногу требаше, Дубравка му одговори на менаџерот со страшна интервенција за довербата која му ја укажа.
Во судиското продолжение од мечот на „Ст. Џејмс парк“, резултатот беше 1:1 и двата тима се обидуваа да дојдат до дополнителни два бода, но најблиску до тоа беше Фабио Силва кој како и сите останати на теренот, беше сведок на нестварна интервенција.
Кога сите ја видоа топката во голот, Словакот покажа вонсериски рефлекс и успеа да спаси чист гол, а во продолжение сојузник беше и гредата која се испречи пред залетаните „волци“.
Освоениот бод сигурно не е она што го посакуваа фановите на Њукасл, но на крајот истите треба да бидат презадоволни што го освоија барем тоа со оглед на последните случувања во продолжението.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…