Поврзете се со нас

Свет

Од Шкендија до еден од најдобрите австриски клубови: Максимов претставен во Линц, но прво ќе игра во Норвешка (Фото)

Објавено

на

Методи Максимов беше еден од најдобрите и најконстантни играчи на Шкендија во првиот дел од сезоната, но младинскиот репрезентативец на Македонија веќе нема да ја гради кариератаво Првата лига.

Од денеска, Максимов почнува интернационална авантура и истата е навистина ветувачка, бидејќи ЛАСК му понуди долготраен договор до 2028-ма година, а истовремено му пронајде и клуб во кој ќе се калеми во наредните 12 месеци.

ЛАСК е еден од најдобрите австриски клубови во последно време и во моментов е на третото место во Бундеслигата, па во веста за Македонецот кој има 21 година посочи дека станува збор за навистина голем талент.

– 21-годишниот фудбалер беше потпишан од македонскиот прволигаш Шкендија одТетово и ќе биде позајмен директно на норвешкиот второлигаш Алесундс. Тој добива долгорочен договор до 2028-ма година.

– Договорот за позајмица во Алесунд е со важност до 31 декември 2024 година поради првенството во Норвешка кое се игра во текот на цела година, – гласи објавата на ЛАСК за десниот бек.

– Со Методи успеавме да ангажираме исклучително возбудлив играч кој одлично се вклопува во нашата филозофија. Задоволни сме што успеавме да го потпишеме на долгорочен план. Нам ни беше важно што тој имаше можност да добие повеќе натпревари за вежбање за да се развива соодветно за време на позајмицата која следи, – гласи изјавата на спортскиот директор на ЛАСК, Радован Вујановиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LASK (@laskofficial)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни