Поврзете се со нас

Македонија

Нови победи за Шкендија и Силекс, Воска Спорт одби да го доигра мечот со Вардар

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Шкендија и Силекс забележаа нови победи во Првата македонска лига и со тоа ја продолжуваа жестоката борба за пехарот во најквалитетниот домашен шампионат.

„Црвено-црните“ беа подобри од Беса со 3-2, додека пак Силекс го доби Шкупи со 2-1.

Работнички беше подобар од Пелистер со 2-1, Тиквеш со истиот резултат од Брера Струмица, а Струга и Гостивар ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Најголемо внамание предизвика мечот меѓу Воска Спорт и Вардар во Охрид, меч кој не се доигра до самиот крај по одлуката на домаќините да го напуштат теренот револтирани од судиските одлуки на натпреварот.

Вардар израмни преку Дурански, ситуација при која домаќините сметаа дека топката не ја минала гол-линијата. Набрзо потоа Воска одлучи да се го заврши натпреварот што сигурно ќе донесе казна за нив за ваквиот потег.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни