Поврзете се со нас

Олимписки игри

Нов Зеланд ја шокираше Хрватска и направи хаос во групата (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Нов Зеланд направи големо изненадување и ја совлада Хрватска со 90:86 на квалификацискиот турнир за Летните Олимписки Игри што се игра во Атина.

„Коцкестите“ вчера блескаа и комплетно ја надиграа Словенија, меѓутоа денеска покажаа доста слабости особено во завршниот период во кој постигнаа само 7 поени за 10 минути, ситуација која ја искористија избраниците на Камерон да направат пресврт и издвојуваат голем триумф.

Со ова се направи хаос во групата каде сега Лука Дончиќ и компанија висат за место во полуфиналето, поточно ќе мора да го совладаат Нов Зеланд со 10+ разлика за да се пласираат понатаму што секако нема да биде лесна мисија.

Ако Нов Зеланд слави тогаш ќе го освои првото место, Хрватите ќе бидат втори, а Словенија ќе биде елиминирана.

Вебстер со 21 поен беше прво име кај победникот, залудна на другата страна беше маестралната партија на Зубац од 29 поени и 16 скокови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни