Поврзете се со нас

Германија

Нојер заработи казна, Крос му испрати порака

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен остана без првиот трофеј во оваа сезона и тоа во Купот на Германија каде доживеа елиминација од Баер Леверкузен.

„Баварците“ загубија на домашен терен со 1-0 во мечот во кој големо влијание за конечниот резултат имаше искусниот Мануел Нојер, ас кој во првото полувреме го заработи првиот црвен картон во кариерата и со тоа му остави простор на противникот со играч повеќе да дојде до триумф на „Алијанц Арена“, нешто што беше искористено од четата на Чаби Алонсо.

Искусниот Германец се огласи на социјалните мрежи и се извини, потег кој пак донесе реакција од пензионираниот Тони Крос кој му испрати кратка порака.

-Престани да се извинуваш-

Инаку Мануел за црвениот картон доби и казна од дисциплинците кои го санкционираа на два натпревари во Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни