Германија
Нојер разочаран од одлуката на Баерн: Крај на една ера (Фото)

Баерн Минхен вчера го отпушти долгогодишниот тренер на голманите во првиот тим и предизвика доста реакции со овој потег, кој по се изгледа бил осмислен од страна на Јулијан Нагелсман.
Шефот на стручниот штаб побарал од Салихамиџиќ да му врачи отказ на Тони Тапаловиќ поради тоа што го сметал за „крт“ во соблекувалната, па откако се оствари неговата желба, „Билд“ денеска излезе со нови информации на оваа тема.
Угледниот германски магазин открива дека најпогоден од оваа одлука на тренерот и клубот е Мануел Нојер, кој во Тони имал добар пријател и најголема поддршка како близок соработник и извонреден учител.
„Билд“ потенцира дека Нојер е крајно разочаран од решението на баварскиот великан, што може да се заклучи и од пораката која ја испрати на социјалните мрежи.
– Почитуван Тони, дојде крај на една ера во Баерн Минхен. Со вас, по 11,5 години, клубот го напушта апсолутен пионер на модерното голманство, но пред се, голем човек. Сите, не само во Минхен, знаат дека овие успеси никогаш немаше да бидат можни без вас! Последно, но не и најмалку важно, ти ме обликуваше мене и мојата голманска игра и ја подигна на едно ново ниво. Ќе ми недостасуваш, Ти благодарам за се, – порача Нојер.
Баерн веќе денеска информираше за наследникот на Тони Тапаловиќ во првиот тим, а тоа е Том Штарке.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Италијапред 7 часа
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем