Поврзете се со нас

НБА

Њујорк го официјализираше тренерот кој ќе го води проектот во новата сезона (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/nyknicks

Њујорк играше во конференциско финале и тоа беше најголем успех за Никси во последните 25 години, па токму поради тоа со голема неверица се пренесе веста за отказот кој го заработи Том Тибодо.

Искусниот стручњак доби благодарница од клубот по крајот на сезоната во вид на отказ, но тоа што се најавуваше изминатите две седмици, денеска доби официјална потврда и во вид на клупско соопштение.

Њујорк потврди дека предводник на новиот проект на тимот ќе биде Мајк Браун, човекот кој во два наврати беше биран за најдобар тренер во НБА лигата.

Првпат тоа се случи во 2009-та година како тренер на Кливленд, а вториот пат пред две години како стратег на Сакраменто Кингс.

Покрај ова, Браун го водеше Лос Анџелес Лејкерс, а беше и клучен соработник на Стив Кер во Голден Стејт каде освои дури четири шампионски прстени како помошник во периодот од 2016-та до 2022-ра година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни