Поврзете се со нас

Свет

Ниска провокација: Стоперот на Ал Хилал го бараше невидливиот Роналдо во мрежата од голот! (Видео)

Објавено

на

Ал Хилал го доби дербито со Ал Наср и славеше со убедливи 3:0 во една тензична и френетична завршница, во која домаќините успеаја да постигнат два гола и да останат со играч помалку.

Митровиќ со два гола и Милинковиќ Савиќ со еден го однесоа Ал Хилал на седум бода предност од вчерашниот ривал, а тензијата беше до толку голема, што главна мета на домаќините беше најголемата ѕвезда на теренот.

Кристијано Роналдо стандардно се наоѓа на удар кај противничките дефанзивци, но Ал Булајхи отиде чекор подалеку и испрати провокација каква што се нема видено.

Алудирајќи на тоа дека го ставил „во џеб“, Ал Булајхи тргна да го бара невидливиот Роналдо во мрежата од голот, а поради таквото неспортско однесување доби директен црвен картон во 93-та минута.

Тука не заврши се, бидејќи подоцна му се нафрли на Португалецот и гневно го провоцираше во лице, додека Садио Мане иронично му аплаудираше за приредениот циркус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни