Поврзете се со нас

АТП

Ништо од спектакл: Синер без проблеми се справи со „ранетиот“ Ѓоковиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Тоа што требаше да претставува вистински тениски блокбастер во полуфиналето на Вимблдон се претвори во еден доста едносмерен меч на централниот терен, а причина за тоа е повреда со која очигледно се мачеше Новак Ѓоковиќ од самиот старт на мечот со Јаник Синер.

Италијанецот кој среќно „преживеа“ во осминафиналето со Григор Димитров успеа да се пласира во свое прво финале на грен слем турнирот во Лондон, а во неделното финале ќе ја брка и својата прва титула во нова пресметка со Карлос Алкарас.

Светскиот рекет број еден денеска не доби очекуван отпор од седумкратниот шампион на Вимблдон и тоа стана јасно уште во воведниот сет, па така Италијанецот оствари една од најлесните победи во полуфиналињата.

Ѓоковиќ очигледно чувствува големи последици од пролизгувањето и незгодниот пад во финишот од мечот со Коболи, па недоволно природното движење на тревата едноставно му правеше големи проблеми во сите подолги размени.

Синер ги доби првите два сета со идентични 6:3, Новак се закани во третиот поведувајќи со 3:0, но сепак немаше сили за нешто повеќе. Јаник одговори со пет гејма во низа, а потоа на свој сервис ја заврши победата за конечни 6:4 за нешто помалку од два часа игра.

За Синер ова е петта последователна победа во дуелите со Ѓоковиќ, па полека се претвора во нерешлива енигма за големиот грен слем рекордер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни