НБА
Никс со 50. победа до второто место, ова се сите плејоф парови на Истокот
Нема повеќе непознати во источната конференција во НБА лигата, поточно сите прашања беа одговорени по денешните натпревари кои беа последни во регуларниот дел.
Имаше дилема кој ќе заврши на второто место, позиција која на крајот му припадна на Њујорк Никс кој ја доби драмата со продолжение против Чикаго Булс (120-119) со што го искористи поразот на Милвоки Бакс кој на крајот заврши како трети на Истокот.
Официјално потврдени парови се Милвоки-Индијана и Кливленд-Орландо, додека пак првопласиранот Бостон и второпласираниот Њујорк ќе мора да ја почекаат плејин фазата во која Филаделфија ќе игра со Мајами, односно Чикаго со Атланта.
Победникот од 76-ките и Хит оди на Никс, додека поразениот ќе игра со победникот од Булс-Хокс, поточно тој што ќе слави на крајот ќе биде осми и оди на мегдан со Селтикс.
Резултати: Бостон – Вашингтон 132-122, Кливленд – Шарлот 110-120, Индијана – Атланта 157-115, Мајами – Торонто 118-103, Њујорк – Чикаго 120-119, Орландо – Милвоки 113-88, Филаделфија – Бруклин 107-86.
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија22 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија21 час
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија5 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда