Европски првенства
Незаборавни спомени од „Јохан Кројф арена“: Пандев го одработи последниот тренинг пред завршниот фудбалски танц! (Фото)

Фото:ФФМ
Горан Пандев стави крај на сите дилеми и самиот нагласи дека утре го игра последниот натпревар во дресот на македонската фудбалска репрезентација, објава со која побуди многу емоции кај страствените фанови на селекцијата кои со години уживаа во играта на големиот мајстор од Струмица.
Популарниот Гоче не можеше да замисли поидеално сценарио за да стави крај на репрезентативната кариера, па така последниот настап на македонскиот тим на историското прво Европско првенство, ќе биде и последен настап за Пандев во црвено-жолтиот дрес.
Пандев им посака многу среќа на своите соиграчи во иднина и посака да ја одведат Македонија и на Светско првенство, но пред да се случи тоа, побара од нив да уживаат на последниот меч кој утре го играме во Амстердам.
„Јохан Кројф арената“ ќе биде сведок на последниот фудбалски танц на Пандев во дресот на Македонија, а дали ќе биде и последен во неговата играчка кариера, искусниот напаѓач најави дека дополнително ќе објави.
Последниот тренинг на Македонија пред натпреварот со Холандија мина во знакот на капитенот и селекторот Игор Ангеловски кој исто така најави заминување, па истиот беше одбележан со заедничка фотографија која овековечува едни незаборавни спомени на оваа историска македонска фудбалска генерација.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)