Шпанија
Невидена ситуација во Ла Лига: Окампос доби прст во задникот од фан на Рајо, Аргентинецот одржа лекција со говорот по мечот (Видео)
Натпреварот меѓу Рајо Валјекано и Севилја ќе се памети по победата на Андалузијците и фантастичната одбрана која ја имаше Столе Димитриевски, но и по еден нестварен и нерален инцидент каков што не се памети на фудбалските терени.
Угледните шпански телевизии доловија еден невиден и луд момент од првото полувреме, односно ја споделија ситуацијата во која Лукас Окампос бил жртва на невкусна шега.
Млад фан на Рајо Валјекано очигледно допрва треба да ги учи манирите за тоа како треба да се однесува додека е на трибините, нешто за кое пред се треба да се погрижат неговите родители.
Додека изведуваше аут, Окампос доби прст во задникот од младиот фан на Рајо, а во дадената ситуација навистина треба да се пофали Аргентинецот кој успеаа да се исконтролира.
Сепак, со смирени страсти и со ладна глава по натпреварот кој заврши 1:2, Окампос излезе со говор кој послужи како лекција за младите фанови, но и одговорните лица на Ла Лига.
– Се надевам дека Ла Лига сериозно ќе ја сфати оваа ситуација, исто како што тоа го прави со расизмот. Не велам дека навивачите на Рајо се вакви, секогаш покажувале почит, но на трибините секогаш има некои идиоти. Се надевам дека вакво нешто нема да се повтори, замислете што ќе се случи ако ова го видиме во женскиот фудбал? Се воздржав да не направам глупост бидејќи имам две ќерки и се надевам дека ова брзо ќе биде решено. Не може еден глупак да нарушува углед на една фантастична публика, – изјави Окампос.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Италија9 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија10 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија4 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Шпанија12 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив