Англија
Неверојатна вест од Англија: Јунајтед побарал бизарна услуга од Сити во подготовките за церемонијата во Париз

Манчестер Јунајтед имплетираше мерки за стопирање на непотребни трошоци, па покрај тоа што оваа пракса го остави без работа Сер Алекс Фергусон, соработниците на Сер Џим Ретклиф изминативе неколку дена побарале и бизарна услуга од лутиот ривал Манчестер Сити.
Како што јавува угледниот британски медиум „Дејли мејл“, Јунајтед во кратењето на трошоците сакал да го стави и излетот на двајца членови од првиот тим во Париз, па „ѓаволите“ се дрзнале да побараат услуга од Манчестер Сити.
Имено, Коби Маино и Алехандро Гарначо се повикани да бидат дел од церемонијата во Париз на која ќе биде доделена „Златната топка“, а бидејќи Сити веќе има резервирано приватен чартер лет за осумте номинации на свои фудбалери, Јунајтед побара од англискиот шампион да ги понесе со себе и своите двајца претставници.
„Дејли мејл“ обелоденува дека ваквото барање ги шокирале одговорните луѓе во Сити за логистика на важни фудбалски настани, а барањето било експресно одбиено бидејќи во малиот приватен авион немало место за Гарначо и Маино.
Свечената гала вечер ќе се одржи в понеделник во француската престолнина, па како што стојат работите, Јунајтед сепак ќе мора да плати приватен чартер лет за да им обезбеди сигурно пристигнување на своите ѕвезди во Париз.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план