Атлетика
Неверојатна трка на 100 метри: Новата спринтерска кралица е од Света Луција! (Видео)

Света Луција е островска држава од Средна Америка и брои само 160 илјади жители, но денеска цел свет дозна за атлетискиот бисер кој го има оваа земја од Карибите во женска конкуренција.
Американките влегоа како фаворитки за златен медал во трката на 100 метри, но нова олимписка кралица на спринтерската делница е Џулиен Алфред од Света Луција.
Младата 23-годишна атлетичарка притигна на Олимписките игри во Париз како светски шампион во сала на делницата од 60 метри, но денеска испиша историја со најдоброто издание во кариерата.
Алфред тргна како „молња“ уште од самиот старт и убедливо и со голема самодоверба мина прва низа целта, издание со кое го донесе првиот олимписки медал со Света Луција во историјата.
Емоциите и солзите кои ги имаше на себе по освоениот златен медал доволно говореа за тоа каков успех оствари Алфред, која во денешната трка беше подобра од Американките Шакари Ричардсон и Мелиса Џередсон.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)