Италија
Нерес направи „дар-мар“ во одбраната на Удинезе и предизвика бизарен автогол (Видео)

Наполи беше на добар пат да приреди второ разочарување во низа за своите навивачи, но сепак избраниците на Антонио Конте реагираа навреме и успеаја да го свртат мечот во Удине во своја корист.
Скромното прво полувреме во кое Удинезе поведе со голот на Тован секако не беше добар увертира за Конте, меѓутоа искусниот стручњак успеа да го извади најдоброто од своите фудбалери, и тоа уште во раната фаза на вториот дел.
Извонредниот пас на МекТомини заврши со лесен гол на Лукаку за 1:1, па од овој момент теренската иницијатива целосно се префрли пред голот на домаќините и Наполи беше тој кој се прашуваше за случувањата на теренот.
Во таква поставеност, Бразилецот Нерес имаше соло продор и направи „дар-мар“ во одбраната на Удинезе, а сето тоа резултираше со бизарен автогол на Џанети за 1:2.
Случувањата во 76-та минута му го донесоа потребниот мир на Конте, а ситуацијата беше уште подобра за него кога Ангиса зголеми на 1:3 и го постави конечниот резултат на оваа средба.
Наполи на овој начин им се врати на победите по поразот од Лацио, односно го одржа чекорот на Аталанта која повторно има плус два на табелата.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…