Лига на шампиони
Нереална сцена во Европа: Противникот на Шкендија немаше резервен дрес за свој играч, па мораше да се снаоѓа со пенкало! (Фото)

ТНС и Шкендија вчера одиграа без победник во Велс и ги оставија сите карти отворени за реваншот во Македонија, натпревар на кој нашиот првак ќе ја има улогата на фаворит со оглед на предноста која се очекува да ја има со настап пред своите навивачи.
Вчерашниот дуел беше пресметка на велшкиот и македонскиот шампион, но мора да се напомене дека домаќинот на овој натпревар се посрамоти во јавноста со една ситуација пред крајот на првиот дел, кога едноставно мораше да коригира дрес користејќи пенкало.
Имено, ТНС немаше резервен дрес со бројот 18 и името на својот фудбалер Рори Холден, па главниот судија на натпреварот го натера истиот да го напушти теренот.
Холден поради инцидент во првиот дел имаше крв на дресот и мораше да го промени истиот, но за да се случи тоа, требаше да чека асистенција од луѓето на клупата.
Во недостиг на резервен дрес, помошниците на ТНС го цртаа со пенкало бројот 18, па на тој начин режираа една од најбизарните сцени во историјата на квалификациите за ЛШ.
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив