Шпанија
Неочекуван трансфер на повидок, Стерлинг од јануари се сели во Ла Лига
Еден од фудбалерите со највисоки примања во Манчестер Сити, Рахим Стерлинг би можел да стави крај на авантурата во англискиот шампион и уште во јануари да реализира неочекуван трансфер.
Офанзивецот веќе извесен период нема зацементирано место во првиот тим на Пеп Гвардиола, па почнаа да се шират шпекулации околу неговата иднина на „Итихад“.
Последните најави кои доаѓаат од Шпанија говорат дека во јануари Стерлинг би можел да си оди од Манчестер и барем на привремен период да се пресели во Каталонија.
„Спорт“ пренесува дека од таборот на Барселона се сериозно заинтересирани да го ангажираат Стерлинг во јануари како позајмен фудбалер со право на целосен откуп на неговиот договор.
Стерлинг во минатите години се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но сега може да се пресели во најголемиот ривал на „кралевите“. Барселона има недостаток од квалитетни офанзивци по заминувањето на Лео Меси и Антоан Гризман, а како капак на се им дојде и потешката повреда на Мартин Брајтвајт кој ќе отсуствува подолг период.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон