Свет
Ненадиќ ќе го менува Карабатиќ во ПСЖ
Ветеранот Петар Ненадиќ експресно пронајде нов клуб по заминувањето од Веспрем, клуб кој е од највисок ранг-тоа е Пари Сен Жермен.
Најдобриот француски тим соопшти дека Ненадиќ доаѓа во Париз каде ќе биде активен најмалку до крајот на сезоната, односно ќе биде директна замена за повредениот Никола Карабатиќ.
-Ние сме многу среќни што Петар ни се придружи до крајот на сезоната. Недостапноста на Никола Карабатик значеше дека моравме да го засилиме нашиот состав. Петар има идеален профил, со докажан талент и одлично искуство, стекнато во најдобрите европски лиги.
-Тој ќе биде супер додаток во трката по нашите цели во текот на вториот дел од сезоната и ќе ни овозможи секогаш да бидеме амбициозни на националната или европската сцена, -порача генералниот менаџер на „светците“, Тјери Омејер.
Србинот во досегашната кариера освен за Веспрем има играно уште за Црвена Звезда, Алгесеирас, Барселона, Пик Сегед, Холстебро, Висла Плоцк и Фуксе Берлин.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)