Македонија
Нема крај на ремонтот: Вардар го доведе и Фаустин Сењор

Вардар како клуб полека ги надминува и очекувањата на Гоце Седлоски, бидејќи наспроти најавените две-три засилувања од стартот на јануари, клубот од Скопје денеска му го донесе и четвртото во краток временски интервал.
„Црвено-црните“ целосно го променија играчкиот кадар за вториот дел од сезоната и пред заминувањето на подготовки во Анталија ги осигураа Мите Цикарски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Димитар Тодоровски, Давор Талески и напаѓачот Едиз Спахиу, додека по одржаниот брифинг на стартот на јануари, беа ангажирани уште четири фудбалери.
По Михаил Талевски, Мислав Матиќ и Роџерс Мато, Вардар на тимот во Анталија го приклучува и Фаустин Сењор кој всушност е 11-то зимско засилување за првиот тим.
Станува збор за искусен 31-годишен фудбалер кој игра на позицијата стопер, а од кого се очекува да биде големо засилување во одбраната за Седлоски.
Последната клупска станица на Сењор беше турски Гиресунспор, додека ова ќе биде негово второ искуство во Македонија, бидејќи претходно ги бранеше боите на Шкупи.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон