Франција
Некогашното „Златно момче“ потпиша за ПСЖ за само 15 милиони евра: Тренерот Галтие ме натера да се развивам

Ренато Санчес оваа вечер и официјално позираше со новите обележја во Франција, откако направи директен трансфер од Лил во редовите на актуелниот првак.
Португалецот кој во минатото ја освои наградата „Златно момче“ имаше многу потежок фудбалски пат од што многумина замислуваа, но откако во еден момент се најде во ќор-сокак, во Лил успеа фудбалски да се препороди, и тоа под водство на тренерот кој сега е лидер на новиот проект на ПСЖ.
Иако на почетокот на летото се чинеше дека е блиску до Милан, на крајот Ренато прави трансфер во ПСЖ за само 15 милиони евра, што прави да биде еден од поскромните ангажмани на клубот од престолнината во последните неколку години.
– Многу сум среќен за моето доаѓање во Париз. Последните денови беа многу важни за мене и моето семејство и сигурен сум дека го направив вистинскиот избор. Го избрав ПСЖ бидејќи сметам дека ова е вистинскиот проект за мене. Сакав да останам во Франција.
– Важен за мојата одлука беше и тренерот Галтие, тој ме натреа да се развивам како играч откако се приклучив во Лига 1. Заедно успеавме да ја освоиме титулата. Завршивме добра работа заедно и среќен сум што повторно ќе соработуваме. Секогаш е полесно кога повторно работите со некој кој го познавате, – вели Ренато Санчес.
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 12 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 11 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците
-
Балканпред 10 часа
Репрезентативецот има нов клуб: Тео Симиќ се договори со тимот на Бајиќ