Поврзете се со нас

Формула 1

Научно истражување ги даде резултатите: споредени најдобрите Ф1 возачи!

Објавено

на

Преку технолошкиот партнер AWS, организаторите на светското првенство во Формула 1 спроведоа научно истражување користејќи технологија на машинско учење, а со тоа се приближија на чекор до одговорор кој е најдобриот пилот на сите времиња.

Користејќи бази на податоци од 1983 година наваму, како и трошејќи цела година на овој проект за изградба на алгоритам кој ќе ги пресмета и дефинира „најбрзите возачи споредувајќи квалификациски перформанси на тимски колеги“, со што е дадена реална шанса и на оние кои не биле во брз болид да покажат колку вределе ако се споредат со другиот возач на тимот.

Поранешниот Ф1 инженер, а денеска Директор на одделот за податоци во Формула 1, Роб Смедли, заедно со Директорот за медиуми и пренос, Дин Локе, работеле заедно со главниот научник и виш менаџер, Д-р Прија Понапали, при што навлегле во длабинска анализа со цел да отстранат нерелевантни податоци во смисла на моменти кога имало излетувања, промена во временските услови или дефекти, а сето тоа за да се создадат фер шанси за реално рангирање.

– Со машинското учење постојат бројни можности за да се примени технологијата и да се добијат одговори за комплексни проблеми, па во овој случај се надеваме дека ќе помогнеме да го решиме вечното прашање на навивачите, користејќи податоци со кои ќе ги „информираме“ одлуките,- вели Д-р. Понапали. – Возбудени сме дека сме во можност да ја продолжиме соработката со организација како Формула 1, која има богат каталог на информации. За нас во AWS, возбудливо е да се види како машинското учење е искористено на начин на кој секој може да се поврзе!

При анализата на податоците од секоја квалификациска сесија од 1983 година наваму, со исклучување на нерелевантните случаи е направена комплексна мрежа на возачки перформанси меѓу тимските колеги. Додадени се и други критериуми за постигнување релевантност, па така за да биде една споредба на тимски колеги валидна, тие морале да бидат ривали на најмалку пет квалификациски сесии пред да бидат споредени. Возраста на возачите исто така е земена предвид како фактор, исто како и податоци од типот дали еден возач правел камбек по три или повеќе сезони надвор од Формула 1.

Со сето ова земено предвид, алгоритмот дава повисок ранк на возачите кои доминирале над тимските колеги, како и на оние кои се снашле добро против силни тимски конкуренти.

Во оригиналната сторија споделена на официјалниот сајт на Формула 1 потсетуваат дека тука се зборува за „сировата брзина“ на возачите која може да биде видена во квалификациите, а не управувањето со пневматици, брзина во тркачки режим или нешто слично. По сето кажано, легендарниот бразилски автомобилист Аиртон Сена е промовиран во победник на ова истражување кое ги зема предвид податоците од 1983 година до денеска, или само од втората половина на 70-годишната историја на овој спорт кој започнал во 1950 година.

Дадена е топ листа на 20 најбрзи возачи, при што Михаел Шумахер е оценет како возач кој бил побавен од Аиртон Сена за 114 илјадити делови од секундата, а Луис Хамилтон на третото место и покрај соборувањето на рекордите во апсолутен износ сепак е 275 илјади делови поназад од најбрзиот. Интересно, Ферстапен кој речиси и нема никакви успеси во квалификациите благодарение на супериорноста над тимските колеги доаѓа веднаш зад Хамилтон, а пред Фернандо Алонсо.

Во прилог е комплетната табела лиферувана по анализата на вака обработените податоци.

 

Најбрзи возачи во Формула 1
1 Ayrton Senna 0.000s
2 Michael Schumacher 0.114s
3 Lewis Hamilton 0.275s
4 Max Verstappen 0.280s
5 Fernando Alonso 0.309s
6 Nico Rosberg 0.374s
7 Charles Leclerc 0.376s
8 Heikki Kovalainen 0.378s
9 Jarno Trulli 0.409s
10 Sebastian Vettel 0.435s
11 Rubens Barrichello 0.445s
12 Nico Hulkenberg 0.456s
13 Valtteri Bottas 0.457s
14 Carlos Sainz 0.457s
15 Lando Norris 0.459s
16 Daniel Ricciardo 0.461s
17 Jenson Button 0.462s
18 Robert Kubica 0.463s
19 Giancarlo Fisichella 0.469s
20 Alain Prost 0.514s
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни