Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Направи шоу: Расположениот Халанд ги „пецна“ Карагер и Ричардс и донесе многу смеа на „Итихад“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: talksport.com

Ерлинг Халанд имаше страшна партија против РБ Лајпциг, постигна пет гола и беше клучен играч во победата на Манчестер Сити од 7-0.

Со овој триумф „граѓаните“ изборија пласман во четвртфиналето, додека Норвежанецот со изданието постави неколку рекорди и се запиша во историските читанки на ова натпреварување. По натпреварот Норвежанецот беше гостин на „Си-Би-Ес Спортс“ каде имаше можност да проговори за своето издание, петте гола, но најпечатлив беше неговиот влез во кој ги изнасмеа Анри, Ричардс и Карагер.

Запрашан за тоа какво е чувство да се има ваков меч, Халанд порача:

-Мислам дека си единствениот што знае како се постигнуваат многу голови, -рече Ерлинг гледајќи го Анри по што настана голема смеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни