Поврзете се со нас

Италија

Наполи ја освои Џенова и дојде до лидерската позиција во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Екипата на Наполи најмалку до утре ќе биде на врвот во италијанската Серија А и тоа откако вечерва го потврди статусот на фаворит и ги освои трите бода во соочувањата со Џенова (2-1).

Џенова знае да биде непредвидлива и да не попушти пред фаворитите како што тоа беше случај во претходното коло против Милан, но денеска ситуацијата беше поинаква, наполитанците дадоа два гола на време со што се отвори патот до посакуваниот резултат за нив.

Гостите од 15 до 23 минута двапати ја затресоа мрежата на домаќините, прво тоа го направи Ангиса, потоа и Рахмани. Поранешниот тим на Пандев се врати во натпреварот во 51 минута преку Пинамонти, гол кој ги остави активно да бараат уште еден и да избегнат пораз, а најблиску до тоа беа во 86 минута кога Балотели ја погоди десната статива.

Сега четата на Конте има 38 бода, еден повеќе од Аталанта која утре е фаворит против Емполи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни