Италија
Најскапото засилување на Јувентус презема одговорност: Нема простор за изговори

Јувентус направи значајна промена во играчкиот кадар во летниот преоден рок и стартуваше еден нов проект со Тиаго Мота, епизода која и не изгледа така убедливо по одиграна полусезона во италијанскиот фудбал.
„Старата дама“ има големи проблеми да стигне до победа на било кој натпревар кој го игра во последно време, а доказ за тоа беше и вчерашното големо дерби против Торино.
Јувентус повторно испушти позитива и мораше да се задоволи со ново реми, кое интересно е дури 12-то за тимот на Мота од стартот на сезоната во домашното првенство.
Билансот од 7 победи и 12 реми средби не носи позабележителен бодовен капитал и покрај тоа што Јуве нема претрпено пораз, па фрустриран од целата ситуација станува и Теун Копмајнерс кој пристигна како најскапо засилување во летниот преоден рок од Аталанта (55 милиони евра).
– Не можеме да бидеме среќни после натпревар во кој повторно испуштивме предност. Постигнавме фантастичен гол и го контролиравме мечот, а потоа примивме гол на една минута пред полувремето. Мора да преземеме одговорност и да работиме многу подобро и понапорно. Кога го велам ова, прво мислам на себе, мора да бидеме подобри и да ги користиме нашите шанси.
– Ни недостасуваа многу нешта во двата правци, мора да сфатиме дека ситуацијата станува ургентна, едноставно мора да реагираме. Има моменти кога сме добри, но ни недостасува континуитет. Мора да бидеме добри во текот на 90 минути, а не само од време на време. Едноставно веќе немаме простор за изговори, мора да бидеме многу поубиствени во нападот, но и да не примаме лесни голови во ситуација кога имаме повеќе играчи во одбраната, – потенцира Холанѓанецот.
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)