Англија
Најдобриот играч на Јунајтед во финалето им се обрати на фановите по болниот пораз од Тотенхем (Фото)

По еден пораз во едно големо финале тешко може да се најде светла точка во било кој поразен тим, но ако треба да се бира еден играч кој постојано преземаше одговорност од редовите на Манчестер Јунајтед, тоа дефинитивно беше Амад Диало.
Брзоногото крило постојано ја бараше топката и се обидуваше да направи и да креира нешто за своите соиграчи, а како играч со најдобра оценка од поразениот тим, потребно му беше навистина подолго време за да ја искаже својата тага за болниот пораз.
Диало ги избегна претставниците на медиумите по крајот на големото финале на „Сан Мамес“, по што реши да се огласи на социјалните мрежи 24 часа по натпреварот.
– Прво и основно, сакам да му честитам на Тотенхем за победата, а потоа да се извинам на сите навивачи на Манчестер Јунајтед ширум светот.
– Ова е неприфатлива сезона за нас, никој не може да го отфрли тоа, иако бевме мотивирани на теренот. Ви ветувам дека никогаш повеќе нема да се повтори сезона како оваа во овој голем клуб. Ви благодарам за поддршката во текот на цела сезона, бевте на наша страна без оглед на се, – гласи пораката на Диало.
First of all, I would like to congratulate Tottenham on their victory, and then apologize to all Manchester fans around the world.
It's been an unacceptable season, and no one can deny that, but we always put our motivation on the pitch.
I promise you that a season like this… pic.twitter.com/IS1w67KYEU
— Amad (@Amaddiallo_19) May 22, 2025
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда