Поврзете се со нас

АТП

Надал со нова лоша вест за фановите: Во овој момент има играчи кои можат да понудат повеќе од мене

Објавено

на

Лејвер Купот преку официјално соопштение ја извести јавноста дека Рафаел НАдал нема да биде во можност да се натпреварува на претсојното издание на турнирот во Берлин, кое всушност е закажано за викендот од 20-ти до 22-ри овој месец.

Во краткото соопштение се вели дека Надал едноставно не е подготвен за настап во овој момент и не се откриваат повеќе детали, што всушност е второ откажување на Шпанецот по неговиот настап на Олимписките игри.

22-кратниот грен слем шампион не настапи на Ју-Ес Опен, а очигледно е недоволно подготвен да се натпреварува на највисоко ниво и на Лејвер Купот.

– Навистина сум разочаран што не можам да се натпреварувам на Лејвер Купот во Берлин следната седмица. Ова е тимски турнир и за да му помогнам на тимот Европа, морам да бидам најдобар на теренот. Во овој момент има играчи кои можат повеќе да понудат за тимот во обидот да се стигне до победа.

– Имам многу убави спомени од овој натпреварување и имав голем мотив да настапам во годината во која Бјорн Борг за последен пат ќе биде капитен. Му посакувам многу среќа на тимот на Европа, ќе ги поддржувам од далеку, – порача Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни