АТП
Надал накратко образложи зошто Ѓоковиќ никогаш нема да биде сакан како Рожер и Рафа
Тони Надал го посочи Новак Ѓоковиќ како најкомплетен тенисер во овој момент и не штедеше комплименти за играта на десеткратниот шампион на Аустралијан Опен, но чичкото и поранешен тренер на Рафа се обиде да објасни зошто Србинот никогаш нема да ја добие љубовта која ја добиваа Федерер и неговиот внук.
Надал како тениски тренер и експерт стана познат и со своите колумни за „Ел Паис“, но покрај тоа што се задржа на играчките квалитети на Србинот, се обиде да објасни зошто Ноле никогаш нема да биде сакан како Рафа и Рожер и покрај сите големи успеси.
Ѓоковиќ во неделата стигна до својата 10-та титула во Мелбурн и покажа дека е непобедлив во финалињата на „Род Лејвер“, но и натаму има такви кои сметаат дека Србинот не ја добива почитта која ја заслужува.
– Според мене, главниот проблем за Новак е што се појави во време во кое веќе имаше воспоставено големо ривалство меѓу Федерер и Надал. Луѓето и фановите ги сакаа нивните дуели, а Ноле беше ново момче од улица кое им ја расипа забавата. Исто така, неговото однесување на теренот знае да биде проблематично и тоа се причините поради кои никогаш нема да биде сакан како Рожер и Рафа.
– Како и да е, за мене Новак е голем шампион и секогаш сум имал добар однос со него, – завршува Тони Надал.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план