АТП
Надал ќе брка историја во недела: Рафа ја мина претпоследната пречка во Мелбурн (Видео)
Рафаел Надал во недела наутро по средноевропско време ќе се брои за својата 21-ва грен слем титула во кариерата, откако денеска во првото полуфинале на Австралија Опен ја мина претпоследната пречка на тенискиот турнир во Мелбурн.
Шпанскиот тенисер ја оправда улогата на благ фаворит и го победи Матео Беретини во тениска битка која траеше четири сета и речиси три часа (2:55), по што може да продолжи да сонува за своја втора грен слем титула во Австралија и рекордна 21-ва во кариерата.
Ова е огромен успех за искусниот Надал кој мина низ тежок период на крајот на 2021-ва година кога не знаеше дали и воопшто ќе може да продолжи да игра тенис, па поради тоа, не чуди фактот што со големи емоции и еуфорија ја славеше победата од 3:1.
Надал беше навистина брз во првите два сета кои ги доби за час и 29 минути игра со 6:3 и 6:2, но италијанскиот тенисер не се предаде и внесе неизвесност откако одговори со 6:3 во третиот сет.
Во четвртиот сет кој се покажа како последен, на Рафа доволен му беше само еден брејк за да го скрши отпорот, а потоа да го одбрани својот сервис и да го приведе мечот до крај со 6:3.
Шпанецот по шести пат во својата кариера ќе игра во едно големо финале на Австралија Опен, што прави неговиот 29-ти завршен меч на турнирите од големата четворка да биде поход кон рекордната 21-ва грен слем титула.
🎾 ¡A LA FINAL!
💪🏻 @RafaelNadal vence a Berrettini y jugará la final del #AusOpen
🏆 Peleará por su 21º Grand Slam
🇪🇸 R. Nadal 6⃣6⃣3️⃣6️⃣
🇮🇹 Berrettini 3⃣2⃣6️⃣3️⃣🎥 @Eurosport_ES pic.twitter.com/Lu6OkTHNOB
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) January 28, 2022
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…