Поврзете се со нас

Шпанија

Мурињо за тоа кој е совршен тренер за Реал: Многу добро го познавам Перез…

Објавено

на

Жозе Мурињо веќе влезе во последната година од договорот со калчолигашот Рома и дефинитивно не се знае дали ќе остане во Рим и по 2024 година.

Тој има импресивна биографија, многу успеси, трофеи низ кариерата и сигурно нема да му биде тешко да пронајде нов ангажман ако ја заврши приказната со „волчицата“. Неговото име беше споменувано како можна опција за Реал Мадрид ако Карло Анчелоти си замине, муабет на кој имаше што да каже „специјалниот“ кој своевремено мина еден период на „Сантијаго Бернабеу“.

-Јас во Реал Мадрид? Кога имаш супер тренер, зошто да мислиш на друг? Познавајќи го Дон Флорентино, а јас го познавам многу добро, тој е супер интелигентен човек. Ако чита медиуми, тој има многу јасни идеи. Како Мадридиста, како човек кој има неколку бели ребра и како Анчелотиец, се надевам дека сезоната ќе помине фантастично и дека следната сезона Карло се уште ќе биде таму, бидејќи мислам дека е совршен тренер за Реал, -рече Жозе кој е отворен за преселба на Блискиот Исток.

-Ќе ви ја кажам вистината, мислам дека еден ден ќе одам таму. Но, кога ќе кажам „еден ден“, не мислам утре или задутре, -порача Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни