Репрезентација
Мукаетов се премисли и донесе важна одлука: Политиката треба да се држи подалеку од спортот!

Живко Мукаетов најави свое повлекување од раководната функција како претседател на Ракометната Федерација на Македонија на почетокот на оваа година, но првиот човек денеска откри дека се премислил во изминатите три месеци и решил во најмала рака да го доврши новиот мандат кој му почна минатата година.
Мукаетов потврди дека ќе остане претседател на РФМ и во наредните три години, особено по последните добри резултати на најсилниот тим, но и одговорнсота која си ја зема да организира Европско првенство.
– Знаете дека најавив мое евентуално повлекување од позицијата претседател на РФМ. Видете, девет години не се мал период, од 2013-та година минаа многу денови, многу моменти минавме заедно. Благодарност за цела соработка, минавме лоши и добри моменти, имаше и разочарувања како тоа што не се пласиравме на Олимпијадата, – изјави Мукаетов во воведот кој изгледаше како разделба, но кој доби свој пресврт.
– Сепак, сметам дека не е вистинско време за повлекување од функцијата, особено после сите настани во последните неколку месеци, енергијата која ја добивме со овој тим. Имаме и важни обврски, Европското првенство кое се намачивме да го добиеме, како и Кадетското Светско првенство. Не е време за повлекување, решив дека не е добро да си одам после девет години и да се повлечам откако добив нов мандат.
– Инаку, и натаму стојам зад моето мислење. Во овој Управен Одбор има луѓе кои се способни да ја водат Федерацијата, но знаеме дека има и мераклии од страна кои сакаат да бидат претседатели. Политиката треба да се држи подалекиу од спортот. Во оваа прилика, сакам да порачам дека продолжуваме заедно да се носиме со сите предизвици, да градиме подобри резултати за македонскиот ракомет, – изјави Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор.
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Балкан2 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)